Балкан

Уапсен мажот кој киднапираше жена во Истра

Уапсен мажот кој киднапираше жена во Истра

Истарската полиција во четвртокот наутро уапсила 60-годишен маж за кој се сомневаат дека ден претходно на паркингот во Петровија киднапирал жена на возраст од околу 30 години од областа Умаг.

Мажот е уапсен по 24-часовна полициска потрага во поширокото подрачје на Умаг и во моментов е под кривична истрага во полициската станица во Умаг, потврди истарската полиција.

Жената беше пронајдена неповредена, но во тежок шок во средата, неколку часа по киднапирањето во областа Умаг кај Мателиќи.

Во потрагата по избеганиот маж учествувале припадници на основната, интервентната и специјалната полиција.

Осомничениот веќе и е познат на полицијата за кривични дела со елементи на насилство.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни