Балкан

ВИДЕО Пустош по пожарот: Воздушен поглед на Родос

ВИДЕО Пустош по пожарот: Воздушен поглед на Родос

Воздушната снимка направена со дрон во четвртокот на 27 јули го покажува обемот на пустошот што го остави пожарот на грчкиот остров Родос.

Пожарот беснееше на островот Родос повеќе од една недела, што доведе до масовна евакуација на туристите. Грчките власти минатиот викенд објавија дека ја вршат најголемата евакуација на луѓе во историјата поради пожар.

Сликата на островот со дрон покажува дека пожарот за чудо ги поштедил зградите во близина на Киотари, додека други биле целосно уништени.

Белите хотелски комплекси и другите туристички капацитети стануваат неприродно бели, опкружени со јагленисана земја.

Најмалку пет лица ги загубија животите во пожарите што избувнаа низ Грција, поттикнати од силните ветрови и екстремно високите температури од над 40 степени Целзиусови.

Иако пожарот во Родос ослабе во средата, пожарникарите се уште се борат со пожарите во планинските области на југот на островот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни