Македонија

Седум години од поплавите во Стајковци и Сингелиќ: 22 изгубени животи, уништени соништа, страшни последици

Седум години од поплавите во Стајковци и Сингелиќ: 22 изгубени животи, уништени соништа, страшни последици

Денес се навршуваат седум години од катастрофалната поплава која во 2016 година ја зафати општина Гази Баба.

„22 наши сограѓани ги загубија своите животи и болката по нив ќе трае засекогаш. Материјалната штета беше огромна. Домовите на жителите од Стајковци, Сингелиќ и околните населени места беа целосно уништени. Големата количина на вода за миг однесе и разруши се. Кога навидум се беше безнадежно, се роди новата надеж дека ќе дојде подобро утре. Многу општини и градови од Македонија, многу држави од светот ја покажаа својата солидарност и хуманост кон нашата општината и подадоа рака за помош“, напиша актуелниот градоначалник Бобан Стефковски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни