Македонија

Фатима Куртишова секој ден влече две колички со 100 килограми од Карпош до Злокуќани

Фатима Куртишова секој ден влече две колички со 100 килограми од Карпош до Злокуќани

Фатима Куртишова (60) е насмеана и весела и кога влече две колички со гајби, кутии, дрва и пластика -товар кој некогаш е тежок 100 килограми.

-Десет години собирав картони од 15 маркети и потоа ги продавав. Но, се откажав, зашто нема купувачи. Многу ме разочара и еден приватник, на кој му продадов 15 тони картони. Ми должи околу 13 илјади денари веќе една година. Затоа решив да собирам гајби, кутии од банани, пластика, дрво и кеси. Количките со товар од 60 до 100 килограми, ги влечам до Злокуќани, кадешто живеам. Потоа доаѓаат приватници, на кои им ги продавам. Заработувам доволно за леб, струја, вода. Тоа е бериќет. Секој ден станувам во 5 часот, го пијам кафето и почнувам да ги средувам домашните обврски. Во 9.30 излегувам од дома и прво одам во еден голем маркет во Карпош 4 да ги земам картоните. А потоа и останатите работи – вели Фатима за „Женски магазин“ и појаснува на кој начин заработува.

– Приватниците знаат каде живеам и доаѓаат во мојот дом секој ден да разгледаат што сум донела и да купат што им одговара. Гајбите ги продавам по 20 денари. Цената на кутиите се движи од 5 до 10 денари. Порано со двете колички носев преку 200 килограми картони – открива таа.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни