Доцна вечерва „Македонската асоцијација на новинари“ преку соопштение до медиумите информираше дека имало „желба за ликвидација од новинарката која наводно посакувала смрт за новинарот Горан Момироски“.
„Очигледно е дека организациите во чие основање и работење учествувал колегата Момироски, без неговиот ангажман даваат резултат кој во последните 7 години е целосно поразителен за новинарството како професија. Ја поздравуваме смирената и разумна реакција на почитуваниот колега Момироски, кој иако не е член на МАН, има отворена покана да се придружи на МАН и вистински заеднички да работиме за заштита на новинарите и медиумските реформи“, велат од МАН.
МАН ќе продолжи со своите напори за законски реформи кои ќе овозможат поголема заштита на новинарите од секој вид на закани, бидејќи тоа е единствениот цивилизиран, етички, законски и Уставен начин на делување, додаваат во соопштението.