Свет

Последици од страшната експлозија кај Москва: Едно лице загина, над 50 повредени, 12 лица исчезнати

Последици од страшната експлозија кај Москва: Едно лице загина, над 50 повредени, 12 лица исчезнати

Судбината на 12 лица се уште е непозната по експлозијата во магацинот на пиротехничка опрема во Сергиево Посад кај Москва, а тие се водат за исчезнати, изјави денеска Олга Врадиј од Централниот комитет на Московскиот регион.

Едно лице загина, а повеќе од 50 луѓе се повредени во огромната експлозија што се случи вчера во објектот на оптичко-механичката фабрика Загорск.

Во болница се хоспитализирани 23 лица, од кои пет се во тешка состојба.

Во експлозијата е уништен хангар со површина од 1.600 метри квадратни, кој бил закупен од приватна компанија на земјиштето на фабриката, а од силината на експлозијата пукнало стаклото на неколку куќи во близина на фабриката.

Оптичко-механичката фабрика Загорск е водечки производител на оптички и електронски уреди што ги користат полицијата и здравствените работници.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни