Уште еден месец ставаме крај на овогодинешните летни одмори, па време е да почнеме за размислуваме и за следната година. Бидете први кои ќе го пишете одморот, па потоа колегите нека ви завидуваат како со три дена од одмор, сте ќариле дури 10 слободни денови.
Со добра организација и размислување и комбинирање на неработни денови, со викенд и одмор може да се дојде до одлучини 10 неработни денови, речиси две недели за кои пак ќе потрошите само 3 дена од вашиот одмор.
Оваа комбинација доаѓа во најубавиот период од годината, кога се е зелено, а температурите започнуваат да растат. Не е ладно, а не е ниту топло. Идеално за планина, море, туристичка дестинација…
Следната година, ако ги земете слободни 29 и 30 април, и 2-ри мај, слободни ќе бидете од 27-ми април до 6-ти мај 2024 година, или во превод цели 10 дена.
На работа ќе треба да се вратите дури на 7-ми мај.
НЕРАБОТЕНИ ДЕНОВИ ВО 2024 ГОДИНА
јануари 2024
1. јануари (понеделник), Нова Година
7. јануари (недела), Божиќ, 8. јануари е неработен ден
19. јануари (петок), Водици, неработен ден
април 2024
10. април (среда), Рамазан Бајрам, прв ден
мај 2024
3. мај, Велики Петок, неработен ден за православните верници
6. мај (понеделник), втор ден Велигден, неработен ден
24. мај (петок), „Св. Кирил и Методиј“, неработен ден
август 2024
2 август (петок) Ден на Републиката, неработен ден
септември 2024
8. септември (недела), Ден на независноста, 9. септември (понеделник) е неработен ден