Свет

ВИДЕО За прв пат објавено видео од украинскиот напад на мостот на Крим

ВИДЕО За прв пат објавено видео од украинскиот напад на мостот на Крим

Украинските безбедносни служби му доставија на Си-Ен-Ен снимка од нападот на мостот на Крим, кој се случи на 17 јули.

Во нападот е користен експериментален морски дрон. Нападот предизвика сериозни оштетувања на мостот, додека двајца цивили ги загубија животите.

Шефот на SBU, Васил Маљук , изјави за Си-Ен-Ен дека користениот дрон, наречен „Морско бебе“, е резултат на неколкумесечниот развој што започна веднаш по инвазијата.

„Беспилотните летала на површината на морето се уникатен изум на Службата за безбедност на Украина. Ниту една приватна компанија не е вклучена. Со помош на овие беспилотни летала, неодамна успешно го погодивме мостот на Крим, големиот јуришен брод Оленгорски Горњак и танкерот за нафта SIG“, рече тој.

„Работиме на голем број нови интересни операции, вклучително и водите на Црното Море. Ви ветувам, ќе биде возбудливо, особено за нашите непријатели“, додаде Маљук.

Инаку, ова е првпат украинската безбедносна служба да ја признае својата улога во целата операција, пишува Си-Ен-Ен .

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни