Лидерот на ДУИ Али Ахмети за 11.30 закажа прес конференција. Веднаш по него преку е-маил медиумите беа инфромирани за уште една прес конференција на лидер на политичка партија, но од македонскиот политички блок.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе се обрати во 13 часот.
Според информации на 4NEWS.mk и двајцата ќе зборуваат за процесот на уставни измени и оваа клучна недела во македонското собрание. Претходно пратениците од ВМРО-ДПМНЕ имаа кординација во парламентот.
Се очекува и двајцата лидери да соопштат како ќе постапат во петок за кога е закажана седницата на која потребни ќе бидат 80 пратеници за потребата за уставни измени.