Македонија

Подната фонтана на плоштадот „Македонија“ повторно во функција, Ѓорѓиевски најави забрана за возила

Подната фонтана на плоштадот „Македонија“ повторно во функција, Ѓорѓиевски најави забрана за возила

Подната фонтана на плоштадот „Македонија“ во Скопје повторно се става во функција по години запоставеност. Фонтаната е пуштена во пробна работа, а во тек се технички проверки и нагодувања, информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Тој соопшти дека паралелно продолжуваат и редовните акции за темелно чистење на плоштадот, со цел уредување и зачувување на еден од најпрепознатливите простори во центарот на главниот град.

Според Ѓорѓиевски, по завршувањето на проверките, фонтаната треба повторно да стане место за детска радост, средби и создавање спомени, како и препознатлив симбол на Скопје.

Градоначалникот најави дека просторот на подната фонтана повеќе нема да се користи како премин за автомобили и тешки товарни возила.

„Плоштадот им припаѓа на граѓаните и така ќе остане“, порача Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека одржувањето на плоштадот нема да биде еднократна акција, туку континуирана обврска, додавајќи дека обновата на јавните простори бара и нивно редовно одржување.

Ѓорѓиевски посочи дека плоштадот „Македонија“ и Камениот мост се важни обележја на градот и дека нивното зачувување е одговорност на сите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни