Македонија

Стадионот во Тетово е само з Шкендија! Тетекс, Љуботен и ЖФК Љуботен препознаваат етнички клуч во одлуката

Стадионот во Тетово е само з Шкендија! Тетекс, Љуботен и ЖФК Љуботен препознаваат етнички клуч во одлуката

На фудбалските клубови Тетекс и Љуботен не им се дозволува користење на теренот за натпревари во Тетово. Граѓаните сметаат дека фудбал треба да се игра на стадиони, а не на игралишта и поделбата да не се прави по лигашки статус.

„Во оваа насока, реакцијата на фудбалски клубови во однос на користењето на спортските терени во нашиот град е јасно кршење на оваа традиција на транспарентност и одговорност. Нивната последна реакција беше сосема непотребна и неодржлива. Средба со претставници на клубовите имаше и се постигна јасен консензус. Градскиот стадион да се користи само за фудбалски натпревари во Првата лига на Северна Македонија и меѓународни фудбалски натпревари, но и за натпревари од особено значење, како на пример полуфинале и финале во Купот на Македонија. Од овој аспект, Општина Тетово покажува решеност да гарантира дека овој стадион треба да биде опремен со сите потребни услови и стандарди, како еден модерен и функционален објект кој ќе ги исполни сите барања на спортска арена од високото ниво во нашиот град, информираа од Општина Тетово.
Оттаму додаваат дека за останатите клубови кои не се дел од Првата лига ќе се уредат други терени.

„За екипите кои настапуваат во пониските лиги, општината има јасен став: ќе се уредат и други терени опремени со сите потребни услови за спортски натпревари. Така, еден терен ќе се гради кај Спортскиот центар во градот, а друг во село Сараќино. Двата терени ќе бидат опремени со потребната инфраструктура, вклучително и соблекувална за тимовите и канцеларии за клубовите. Со овие чекори, Општина Тетово ја потврдува својата посветеност за унапредување на спортот на високо ниво, транспарентност и правда за сите заедници кои живеат во нашиот град, додаваат од Општина Тетово.

Во соопштение Тетекс истакнува дека ексклузивно право на двата стадиони има само ФК Шкендија.

„Ја користиме оваа прилика за да ја запознаеме пошироката јавност дека во моментов на стариот градски стадион, но и на новиот градски стадион, ФК Тетекс, ФК Љуботен и ЖФК Љуботен немаат право на нивно користење, тренинзи, одигрување на натпревари во лигата од засега непознати причини! Екслузивно право на користење на двата стадиони има само ФК Шкендија!“.

Со реакција се јави и митрополитит Тетовско-гостиварски Г Јосиф.Тој упати целосна и безрезервна поддршка на јавниот апел за рамноправен третман на македонските фудбалски клубови „Љуботен“ и „Тетекс“, кои како што посочува се вистинско и маркантно обележје на македонскиот спорт и долгогодишната спортска традиција.

„Митрополитот ги повикува Општина Тетово, властите и одговорните со зголемено внимание да постапуваат во насока на овозможување на соодветен простор за делување и развој на сите луѓе, групи, клубови и организации, без разлика на нивната национална припадност. Секој човек има права и слободи, а секој заслужува рамноправен третман!Демократијата не завршува кога ги остварувате Вашите права, а почнува онаму каде започнува Вашиот интерес и за правата на другиот, се вели во соопштението на Митрополитит Тетовско-гостиварски Г Јосиф.

Општината најавува модернизација на градскиот стадион, но исто така ветува дека ќе вложува и во игралишта за сите клубови во пониски лиги. Но, клубовите Тетекс и Љуботен не отстапуваат и бараат веднаш да им биде овозможено да играат и тренираат на тетовските стадиони.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни