Во Собранието во овие моменти се очекува да започне пленарната седница во салата „Македонија“ каде единствена точна на дневен ред е потребата за уставни измени. Согласно деловникот, расправата може најдолго да трае до 10 дена, но деловникот не предвидува рок кога мора да се гласа по истите.
Претседателот на Собранието Талат Џафери во неодамнешно интервју за ТВ21, рече дека рок за гласање нема. Во превод тоа значи дека гласањето може да се се случи и на крајот од овој состанок на парламентот, односно пред распуштањето за редовни парламентарни избори.
Предлогот за уставни измени нема да важи доколку Собранието се распушти и не бидат донесени уставните измени. Потоа доколку новата Влада има желба за нови уставни измени, ќе мора повторно како предлог да ги достави до Собранието, е тоа да ги стави првично на комисија, а потоа и на редовна пленарна седница.