Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во западните делови облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 23, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. UV=8
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност поголема во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 37 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Под влијание на топла воздушна маса во следните денови времето ќе биде многу топло. Дневната температура во најголем дел од земјава ќе надминува 35 степени. Изолирана појава на пороен дожд и грмежи ќе има утре претежно во западните делови во попладневните часови и во сабота од средината на денот. Во недела и понеделник особено вдолж Повардарието ќе засилува северен ветер.