Најмалку 26 работници загинаа кога се урна железнички мост во изградба во североисточната индиска држава Мизорам, соопштија властите.
„Железничкиот мост во изградба кај Саиранг, во близина на Ајзаул, денеска се урна. Спасувањето е во тек“, објави премиерот на Мизорам Зорамтанга на платформата Х (Твитер).
Железничкиот мост ја минува реката Курунг и би требало да го поврзе блискиот град Баираби со Саиранг.
„Длабоко сум тажен и погоден од оваа трагедија. Изразувам длабоко сочувство до сите семејства и посакувам брзо закрепнување на повредените“, додаде Зорамтанга.
Луѓето кои живеат во селото во близина на градилиштето брзо им дошле на помош на повредените работници и ги однеле во болница, соопшти полицијата.
Сочувство до семејствата на жртвите изрази и индискиот премиер Нарендра Моди.
„Спасувачките операции се во тек и на повредените им се дава секаква можна помош“, рече Моди.
Минатата година, најмалку 141 лице загинаа при уривање на висечки мост во Морби, Гуџарат.
Mizoram: Under-construction railway bridge collapses near Sairang, 17 dead#Mizoram #india #BreakingNow #Chandrayaan3Landing #BRICSSummit2023 pic.twitter.com/wzAvKGHONX
— Gaya Digest (@GayaDigest) August 23, 2023