Постапката е голем напредок за илјадници Британки кои инаку не би можеле да забременат.
40-годишната донаторка, која веќе има две деца, несебично ја „подари“ својата матка на помалата сестра која сака да основа семејство со сопругот, но поради здравствената состојба е родена без матка.
Во комплицираната операција за отстранување на матката од донаторот и вградување на нејзината сестра учествуваа два тима и осум хирурзи кои работеа во соседните операциони сали и траеше вкупно повеќе од 17 часа, пишува Дејли Меил.
Иако операцијата траела подолго од планираното, таа поминала добро и вградената матка е „целосно функционална“, велат хирурзите кои ја извршиле трансплантацијата.
Операцијата е извршена во болницата Черчил во Оксфорд.
Жената која ја примила матката изјавила дека е „преоптоварена“ од тоа како се одвивале работите и дека е „многу, многу возбудена“ поради можноста да стане мајка.