Актерката Херша Парадеј почина на 79-годишна возраст.
Според „The Sun“, таа починала како последица на тумор на мозокот.
Како што е наведено, таа починала во средата во Норфолк, а тажната вест ја потврдил нејзиниот син Џонатан.
Таа долго време се бореше со таа злобна болест, а во последно време состојбата и се влоши толку многу што беше целосно врзана за кревет“, рекол тој, пренесуваат гореспоменатите медиуми.
Таа го имаше синот Џонатан во бракот со продуцентот Џон Певерел.
Една од нејзините најпознати улоги ја одигра во серијата „Куќичка на преријата“, а ја видовме и во продукциите „Феникс“, „Волтонс“, „Кенан и Кел“ и други.