Наука и технологија

НАСА и SpaceX го одложија лансирањето на четворица астронаути на ISS до утре

НАСА и SpaceX го одложија лансирањето на четворица астронаути на ISS до утре

Американската вселенска агенција НАСА и американската вселенска компанија SpaceX го одложија лансирањето на вселенско летало со четворица астронаути до Меѓународната вселенска станица (ISS) до утре наутро.

Менаџерите на мисијата го одложија времето за лансирање за 24 часа за да ги решат преостанатите проблеми, рекоа официјални лица, пренесе АП.

Четворица астронаути, кои претставуваат четири земји, сè уште не тргнале кон ракетата Фалкон на SpaceX, која се наоѓа на полигонот во Кејп Канаверал во американската сојузна држава Флорида.

Се очекува тој да помине шест месеци на вселенската станица, заменувајќи четворица астронаути кои се таму половина година.

Астронаут на НАСА ја предводи новата екипа која вклучува јапонски хирург и дански и руски инженери.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни