Свет

Том Круз ја напушта скиентолошката црква за својата ќерка?

Том Круз ја напушта скиентолошката црква за својата ќерка?

Том Круз наводно ја напушта скиентолошката црква по 30 години поради неговата ќерка Сури со актерката Кејти Холмс.

Легендарниот холивудски актер Том Круз, наводно, ја напушта скиентолошката црква, чиј најпознат претставник и застапник бил 30 години.

Според странските медиуми, ѕвездата од филмовите „Невозможна мисија“ наводно донела таква одлука поради својата ќерка Сури, која ја нема видено 10 години, бидејќи скиентологијата го спречила во тоа.

Том имаше ќерка со поранешната сопруга, актерката Кејти Холмс, а откако се разведоа во 2012 година, таа го доби старателството, со алиментација од 400.000 долари месечно додека Сури не наполни 18 години.

Наводно Круз на својата ќерка редовно и испраќал писма кои мајка и ги криела, но се зборувало и дека Сури подоцна ги пронашла во куќата на родителите на нејзината мајка во Охајо, а откако ги прочитала сакала да се види со него.

Не е познато дали нивната средба се случила потоа, но Мирор пишува дека поминале дури 10 години од нивната последна средба.

Сури денес има 17 години и порасна по ликот и подобие на својата мајка, со која е многу блиска.

Покрај Сури, Круз ги има и синот Конор и ќерката Бела која ја посвоил за време на бракот со Никол Кидман и успеал да ги преобрати во скиентолошката црква и поради тоа не комуницираат со нивната мајка.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни