Центарот за управување со кризи доцна вечерва информира дека гори сува трева позади пунктот на фабриката Охис во општина Кисела Вода.
Од ЦУК информираат дека на терен е едно противпожарно возило до 4 пожарникари.
Во моментов нема информации дали има ризик по околните населени места или проширување на пожарот.
Нејасно е и дали во фабриката се уште има опасност од запаливи течности или цистерни.
Според информациите гори сува трева.