Македонија

ЦУК: Невремето во прилепско нанесе голема штета врз насадите со тутун и пипер

ЦУК: Невремето во прилепско нанесе голема штета врз насадите со тутун и пипер

Невремето кое се случи вчера попладне помеѓу 16.10 и 17.10 часот, на територијата на Општина Прилеп и околината, проследено со силен северен ветар, интензивен пороен дожд а нa некои места и град, нанесе голема штета на земјоделските површини и култури, соопштија од Центарот за управување со кризи.

Најмногу врнежи од град со големина на лешник се имало во месноста „Заград“, с. Мажучиште како и во с. Мало Коњари.

Пријавените штети на насадите со тутун и пипер дополнително ќе се утврдуваат од комисијата за процена на штети во Министерството за земјоделие – Подрачното одделение во Прилеп, заедно со комисијата за утврдување на штети во општина Прилеп.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни