Македонија

Следните два дена ќе се прска против возрасни комарци во Скопје

Следните два дена ќе се прска против возрасни комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре и задутре (02 и 03.09.2023 година) во раните утрински часови на подрачјето на Скопје ќе се врши авионска дезинсекција (петта фаза) против возрасни форми на комарци.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни