Македонија

„Скандалот со кражба на лекови на Онкологија не смее да помине неказнето“: Утре во 18 часот протест пред Владата

„Скандалот со кражба на лекови на Онкологија не смее да помине неказнето“: Утре во 18 часот протест пред Владата

Утре во 18 часот пред Владата ќе се одржи протест поради поради објавениот скандал со кражба на лекови на Клиниката за онкологија.

Протестот е во организација на граѓански организации како натпартиска иницијатива. На протестот ќе се бара одговорност од министрите за здравство, Венко Филипче, Беким Сали и Фатмир Меџити, од поранешната директорка на ДСЗИ, Ирина Сотирова Бухова и актуелната директорка Рената Младеновска.

„Утре (понеделник) со почеток од 18 часот, ве повикуваме на протест пред Владата, каде заедно ќе го искажаме гневот и револтот против криминалот кој со години се толерирал на Клиниката за Онкологија. Протестот од Влада ќе продолжи пред Министерството за здравство каде ќе повикаме на оставка и одговорност од сите министри за здравство!

Бруталноста на власта секој ден носи нови жртви, а овој пат жртви се пациентите на Клиниката за онкологија кои со месеци во животно-загрозувачка состојба чекаа лекови, додека лековите завршуваа на црниот пазар во Косово. Се работи за организиран криминал каде се инволвирани највисоки функционери на власта и истиот трае со години.
Скандалот со кражбата на лекови на онкологија не смее да помине неказнето и повторно само кабелот да биде виновен!
Не прифаќаме одговорност од најнискиот еншалон во Онкологија – бараме кривична одговорност за владините функционери!
1. Бараме одговорност од министрите Венко Филипче, Беким Сали и Фатмир Меџити.
2. Бараме одговорност од замениците-министри за здравство Илир Хасани и Маја Манолева.
3. Бараме одговорност од поранешната директора на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова и актуелната директорка Рената Младеновска.
4. Бараме одговорност од поранешниот организационен директор на Клиниката Нехат Нухи“, се вели во соопштението.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни