Македонија

Виничанец купил телефон со лажни евра: Кривична за фалсификување пари

Виничанец купил телефон со лажни евра: Кривична за фалсификување пари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.И.(29) од с.Пекљане, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама” и кривично дело „фалсификување пари“.

Имено, на почетокот на јуни 2023 година, жена од Скопје објавила оглас за продажба на мобилен телефон, по што пријавениот и се јавил и се договориле да го купи телефонот. Откако ѝ дал четири банкноти од по 100 евра, таа се посомневала во нивната исправност и настанот го пријавила во полициска станица. По извршените проверки било утврдено дека парите се фалсификат.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни