Македонија

Денеска сончево, утре повторно локален дожд

Денеска сончево, утре повторно локален дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претежно во јужните делови ќе има зголемување на облачноста и појава на локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец кој во југозападните делови краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени. UV=5

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Во четврток ќе има локална појава на краткотраен дожд и ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од источен правец. Потоа се очекува стабилно и потопло време.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни