Свет

ВИДЕО Штотуку родено бебе извлечено живо и здраво од урнатините во Мароко

ВИДЕО Штотуку родено бебе извлечено живо и здраво од урнатините во Мароко

По страшниот земјотрес што го погоди Мароко, спасувачите на терен се тркаат со времето со цел да спасат што е можно повеќе луѓе.

На социјалните мрежи дури е и објавено видео на кое може да се види спасување на новороденче од урнатините на една зграда.

За среќа, бебето било извлечено живо и здраво.

Според последните податоци, во земјотресот загинале најмалку 2.012 лица, а 2.059 се повредни, од кои 1.404 се во критична состојба.

Земјотресот се случи на планинскиот венец Висок Атлас во петокот во 23:11 часот по локално време (сабота 11 минути по полноќ по средноевропско време), на длабочина од 18,5 километри и со епицентар во провинцијата Ал Хоуз на 72 километри југозападно од Маракеш.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни