Свет

Список на најсмртоносните земјотреси во последните 25 години

Список на најсмртоносните земјотреси во последните 25 години

Повеќе од 2.000 луѓе загинаа во земјотресот што го погоди Мароко ноќта меѓу петокот кон саботата, а следи преглед на најсмртоносните земјотреси во последните 25 години.

– 8 септември 2023 година – Во Мароко, земјотрес со јачина од 6,8 степени, загинаа повеќе од 2.000 луѓе

– 6 февруари 2023 година – Во Турција и Сирија, земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер, загинаа повеќе од 21.600 луѓе

– 25 април 2015 година – Повеќе од 8.000 луѓе загинаа во земјотрес со јачина од 7,8 степени во Непал

– 11 март 2011 година – Повеќе од 18.400 луѓе загинаа во земјотрес со јачина од 9 степени во близина на североисточниот брег на Јапонија што предизвика цунами.

– 12 јануари 2010 година – Повеќе од 100.000 луѓе загинаа во земјотрес со јачина од 7 степени на Хаити. Владата проценува дека загинале 316.000 луѓе, но поради обемот на уништувањето, невозможно е да се направи точен биланс.

– 12 мај 2008 година – Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала го погоди источен Сечуан, Кина, при што загинаа повеќе од 85.500 луѓе.

– 27 мај 2006 година – Повеќе од 5.700 луѓе загинаа во земјотресот со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала што го погоди индонезискиот остров Јава.

– 8 октомври 2005 година – Повеќе од 80.000 луѓе загинаа во земјотресот со јачина од 7,6 степени во пакистанската област Кашмир.

– 26 декември 2004 година – Земјотрес со јачина од 9,1 степени според Рихтеровата скала во Индонезија предизвика цунами во Индискиот Океан при што загинаа околу 230.000 луѓе во десетина земји.

– 26 декември 2003 година – Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала го погоди југоисточен Иран, при што загинаа повеќе од 20.000 луѓе.

– 26 јануари 2001 година – Земјотрес со јачина од 7,6 степени ја погоди индиската држава Гуџарат, при што загинаа 20.000 луѓе.

– 17 август 1999 година – Земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала го погоди Измир, Турција, при што загинаа околу 18.000 луѓе.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни