Наука и технологија

Ново откритие на НАСА: Далечна егзопланета содржи тајни кои би можеле да сменат се што знаеме за животот во космосот

Ново откритие на НАСА: Далечна егзопланета содржи тајни кои би можеле да сменат се што знаеме за животот во космосот

Реки можеби течат на површината на колосална планета која се наоѓа на околу 120 светлосни години од Земјата, според новите докази откриени од вселенскиот телескоп Џејмс Веб.

Егзопланетата „К2-18б“ има атмосфера и услови кои можеби поддржуваат живот, велат научниците.

Телескопот Џејмс Веб откри метан и јаглерод диоксид во атмосферата на егзопланетата, што ја прави силен кандидат за постоење на океани под нејзината атмосфера богата со водород.

Уште позначајно, понатамошните набљудувања открија потенцијално постоење на молекула наречена диметил сулфид, која на Земјата ја произведуваат само живите суштества, поточно морскиот фитопланктон, пренесува Si-En-En.

Поголемиот дел од диметил сулфидот во атмосферата на Земјата се испушта од фитопланктонот во морските средини, објасни НАСА.

Оваа егзопланета е 8,6 пати поголема од Земјата и „крие“ многу молекули кои укажуваат на потенцијално постоење на живот.

Научниците се многу внимателни кога прават вакви проценки, но се почесто се слуша дека оваа егзопланета би можела да биде погодна за човечки колонии бидејќи се наоѓа во таканаречената „населлива зона“.

Астрономите ширум светот редовно ги следат податоците и фотографиите што ги испраќа вселенскиот телескоп Џејмс Веб на НАСА, а особено ги заинтригираа информациите поврзани со оваа планета.

НАСА наведува дека „К2-18б“ орбитира околу студената џуџеста ѕвезда „К2-18“ и е оддалечена 120 светлосни години од Земјата.

Оваа егзопланета е различна од која било планета во Сончевиот систем.

Традиционално, потрагата по живот на егзопланетите се фокусираше првенствено на помали карпести планети, но поголемите егзопланети погодни за живот се многу посоодветни за атмосферски набљудувања. Ова се планети за кои се верува дека се топли и покриени со вода, со атмосфери богати со водород. Научниците веруваат дека таквите планети би можеле да бидат потенцијални кандидати за живот и погодни за човечки колонии.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни