Свет

Трамп: Проблемот на Бајден не е возраста, туку дека е неспособен

Трамп: Проблемот на Бајден не е возраста, туку дека е неспособен

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека проблемот на актуелниот претседател Џо Бајден не се неговите години, туку дека тој не е способен да ја извршува таа функција.

Некои од најголемите светски лидери беа на власт кога беа во осумдесеттите години и Бајден не е премногу стар за да биде претседател, но мислам дека е некомпетентен, што е поголем проблем, изјави Трамп за телевизијата Ен-Би-Си, пренесува Хина.

Последниот систематски преглед на Бајден покажа дека тој е во добра здравствена состојба, но факт е дека Белата куќа досега немала толку стар жител. Бајден би имал 86 години на крајот на евентуалниот втор мандат, поради што неговата поддршка од гласачите сè повеќе паѓа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни