Свет

Русија сака повторно да влезе во Советот за човекови права на Обединетите нации

Русија сака повторно да влезе во Советот за човекови права на Обединетите нации

Русија сака повторно да се приклучи на Советот за човекови права на Обединетите нации, откако беше исфрлена минатиот април поради инвазијата на Украина. Москва е наведена на веб-страницата на Обединетите нации како кандидат за избор на членови на Советот за човекови права за мандатот 2024-2026 година, кој треба да се одржи на 10 октомври.

Членството се заснова на правична географска распределба, со две слободни места во регионалната група на источноевропски земји. Досега за тој регион својата кандидатура ја најавија Русија, Албанија и Бугарија. Во документот што беше проследен до членките на ОН, а кој го виде и Си-Ен-Ен, Русија наведе дека смета дека Советот за човекови права е клучно тело во системот на Обединетите нации.

Таа додаде дека е важно да се спречи растечкиот тренд на претворање на Советот за човекови права во инструмент кој служи на политичката волја на група земји и ги казнува нелојалните влади за нивната независна внатрешна и надворешна политика.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни