Свет

Мистериозна болест во Кенија: 95 ученици се разболеле

Мистериозна болест во Кенија: 95 ученици се разболеле

Околу 95 ученички во западна Кенија се хоспитализирани поради мистериозна болест, што предизвикало затворање на училиштето на неодредено време.

Официјални лица изјавија дека 95 ученици во средното училиште за девојки, лоцирано на 374 километри северозападно од Најроби, биле хоспитализирани поради болеста што ја зафатила институцијата. Се уште не е познато за каква болест се работи.

Според извештаите на локалните медиуми, ученичките наводно боледуваат од болест која им ги парализирала нозете, поради што повеќето од нив не можат да одат.

Одлуката за затворање на училиштето е донесена по средбата меѓу управата на училиштето и претставници на Министерството за образование.

Од училиштето соопштија дека на стотиците погодени ученици ќе им биде дозволено да се вратат на училиште откако внимателно ќе се процени ситуацијата и ќе се преземат неопходните мерки.

Точната природа на мистериозната болест е непозната, но здравствените власти рекоа дека примероците од крв од погодените ученички се испратени во лабораториите на Кенискиот медицински истражувачки институт (КЕМРИ) за да се утврди природата и потеклото на болеста и да се развијат соодветни протоколи за лекување.

Тие ги повикаа родителите на ученичките да бидат внимателни и внимателно да го следат здравјето на нивните деца, бидејќи здравствените власти работат на откривање на причината за болеста.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни