4NEWS.mk

Неговата сестра му дала да управува со фирмата, а тој правел измами – скопјанец заработи кривична

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единицата за економски и компјутерски криминал, до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против А.Љ.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичнo делo „измама“, казниво по член 247 од Кривичниот законик. Пријавениот, со лажно прикажување на факти како ополномoштено лице со полномошно од 27.01.2017 година заверено на Нотар, а дадено од неговата сестра како управител на правно лице, за да превзема дејствија во нејзино име, довел во заблуда претставник на друго правно лице и се стекнал со имотна корист во вкупна вредност од 154.201 денари. Тој го прикрил фактот дека не може да ја плати набавената стока, односно дека неколку месеци има блокирана жиро сметка и нема активен деловен статус.

 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни