Балкан

„Што е со луѓево“: Нова снимка од возење во спротивен правец низ Белград

„Што е со луѓево“: Нова снимка од возење во спротивен правец низ Белград

Епидемијата на возење во спротивен правец по српските патишта не стивнува, што го потврдува уште едно видео објавено на социјалните мрежи.

На видеото објавено на страницата „Мој Белград“ на Инстаграм се гледа како автомобил се движи во спротивна насока на обиколницата кај Белград.

Жената потоа на семафор нагло свртела надесно. Ова видео предизвика голем број коментари и осуди за арогантното и неодговорно возење.

„Ужасно. Не знам што им е на луѓето, како можеш да се свртиш во спротивна насока, не разбирам“, „Невини луѓе страдаат поради ова“ – ова се само дел од коментарите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни