Русија бомбардирала 118 украински градови и села за 24 часа, објави украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко.
10 од вкупно 27 региони во Украина биле предмет на напади. Многу од руските напади беа насочени кон населби во близина на првите линии на фронтот на исток и југ.
Со недели руската армија спроведува офанзива кон Авдеевка, стратешки град во источниот регион Доњецк. Градот е срамнет со земја, соопштија украинските власти.
Таму во последниот ден беа извршени над 40 масовни напади. Во тек е руска офанзива кон градот Купјанск во североисточниот регион Харков.
Нападната е и рафинеријата во Кременчук во централниот регион Полтава. Командантот на украинската армија, генерал Валериј Залужни, призна дека војната сега станува позиционирана и се движи кон статична фаза.