Во Рио де Жанеиро заврши уште еден курс за Дедо Мраз.
50 луѓе ги добија дипломите и сега и официјално можат да ја исполнат одговорната улога на белобрадиот старец.
На задоволство на жителите и гостите, облечените како Дедо Мраз се провозеа со трамвај во едно од предградијата на метрополата и пееја божиќни песни.
Групата доби и специјален златен клуч за да го симболизира почетокот на празничната сезона.
Освен многу расположение во наредните месеци, облечените како Дедо Мраз повикаа и на мир во светот.