Непознат маж, кој наводно е вооружен, влетал со автомобил на аеродромот во Хамбург, при што ја пробил заштитната бариера и се упатил кон пистата.
Според локалните медиуми, на терминалот пристигнал маж со автомобил Ауди.
🚨🇩🇪| BREAKING: An armed man stormed Hamburg airport.
Still on the apron
There are passengers nearbyThe flights were stopped. pic.twitter.com/Qyz6jQfzoD
— Miguel Á. Hernández | Derecho a Saber. (@AHGJuri) November 4, 2023
Аеродромот во моментов е блокиран, а во возилото со мажот наводно се и неговите две деца, како што пренесува „Билд“. Неговата сопруга наводно ја алармирала полицијата и во итен повик рекла дека нејзиниот сопруг бил во автомобилот со децата и брза кон аеродромот.
Се наведува дека мажот предизвикал неколку пожари во делот на аеродромот, како и дека неколку пати пукал од своето возило со деца во него.
Полициски хеликоптери го надлетуваат аеродромот и патролираат во областа во потрага по сомнителен автомобил, а воздушниот сообраќај е во прекин.
Според првите информации, полицијата веднаш реагирала и испратила хеликоптери на аеродромот, за што побрзо да го фатат вознемирувачкиот човек. Надлежните ги повикаа граѓаните да останат смирени и да не се приближуваат до аеродромот.
Повеќе детали наскоро.