Свет

Илјадници демонстранти се собраа во Вашингтон за да побараат прекин на огнот во Газа

Илјадници демонстранти се собраа во Вашингтон за да побараат прекин на огнот во Газа

Неколку илјади луѓе вчера учествуваа на демонстрациите во Вашингтон за да повикаат на итен прекин на непријателствата во Појасот Газа, пренесе Франс прес.

Многумина од нив вееја палестински знамиња и носеа арапски шамии. Најголем дел од демонстрантите беа млади луѓе, а на демонстрациите имаше и многу семејства.

Тие повикаа на прекин на блокадата на Појасот Газа, јави дописникот на АФП. Демонстрантите, исто така, го изразија своето незадоволство од поддршката на САД за Израел во неговиот конфликт со палестинското исламистичко движење Хамас, кое владее со Појасот Газа и чии борци извршија напад без преседан врз еврејската држава на 7 октомври, напад што предизвика одмазда. од страна на Израел, изразена во преземање воена акција против Хамас.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден ја изрази својата непоколеблива поддршка за Израел по крвавиот напад на Хамас на 7 октомври. Американската влада ги отфрла повиците за прекин на огнот и наместо тоа повикува на „хуманитарни паузи“, забележува АФП.

Во Израел, според израелските власти, во нападот на Хамас загинале најмалку 1.400 луѓе.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни