Свет

Силен земјотрес ја потресе Индонезија

Силен земјотрес ја потресе Индонезија

Земјотрес со јачина од 6,9 степени е регистриран во близина на брегот на Индонезија, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Според Американскиот геолошки институт, земјотресот бил дури и со јачина од 7,1 степени, додаваат агенциите.

Земјотресот се случи во морето Банда, на длабочина од 10 километри, на 370 километри југоисточно од градот Амбон, на островите Малуку. Амбон има 355.000 жители.

Засега нема извештаи за жртви или материјална штета. Не е издадено предупредување за цунами.

Земјотресот бил почувствуван и во градот Саумлаки, на островите Танимбар. Еден жител на градот изјави за АФП дека потресот бил многу силен, но луѓето не ги фатило паника. Особено кога стана јасно дека нема предупредување за цунами, животот се врати во вообичаениот ритам.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни