Македонија

ФОТО Предвреме родената Мила си заминува од ГАК

ФОТО Предвреме родената Мила си заминува од ГАК

Во прегратките на своите родители, вчера во стабилна состојба и со телесна тежина од 2320 грама дома си замина уште едно предвреме родено бебе.

После 48 дена поминати на одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ), нашата Мила Атанасова, која заедно со докторите и со сестрите ги надмина сите препреки, како здраво бебе, на наша огромна радост, ја испративме од Клиниката за гинекологија.

Мила е родена во 27 гестациска недела, со тежина од само 1260 грама.

И посакуваме да биде иста како што е и значењето на нејзиното име и да се бори низ животот со истиот жар што го покажа уште од првиот миг од своето раѓање, во текот на овој еден и пол месец поминат на ОИНТ.

На мама и тато да им носи само убави моменти и радости.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни