Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Индонезија, во близина на Западен Тимор – дел од индонезиската провинција Источни Мали Сунда Острови, пренесе Ројтерс.
Агенцијата го цитираше германскиот истражувачки центар за геонауки.
Земјотресот е длабок десет метри, соопшти центарот. Се верува дека епицентарот на земјотресот е седум километри североисточно од градот Купанг, главното пристаниште во Индонезија, со население од околу 282.000 жители.
Ова е четврти земјотрес на индонезискиот архипелаг во последната недела.