Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ѝ честиташе на Студентската листа за победата на парламентарните избори во Србија, порачувајќи дека Комисијата е подготвена да ги поддржи реформите и европската иднина на земјата.
„Подготвени сме да обезбедиме поддршка за реформите во областа на владеењето на правото, слободата на медиумите, борбата против корупцијата и зајакнувањето на демократските институции и заедно да работиме на унапредување на иднината на Србија во Европската Унија“, напиша Фон дер Лајен.