Македонија

Во Велес полицаец испукал куршум во воздух откако едно лице се обидело да избега

Во Велес полицаец испукал куршум во воздух откако едно лице се обидело да избега

На 12.11.2023 околу 00.15 часот во Велес од полициски службеници од СВР Велес е лишен од слобода М.М.(29) од Велес затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Околу 00.15 часот на ул. „Вардарска“ во Велес полициски службеници од СВР Велес запреле патничко возило „пасат“ со велешки регистерски ознаки, а М.М. , кој седел на совозачкото место, се обидел да избега, но бил спречен од полициски службеници, при што бил испукан и еден предупредувачки куршум во воздух.

Исто така, во ПС Велес извршен е службен разговор и со  А.Н. (36) од Велес, кој го управувал возилото. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни