Свет

Бразил: Трудница загина во сообраќајна несреќа додека одела во породилиште да се породи

Бразил: Трудница загина во сообраќајна несреќа додека одела во породилиште да се породи

26-годишната Каролин Виера Палмео од Бразил едвај чекаше да го добие своето прво дете. Но, животот имаше други планови за неа и за бебето што го носеше.

Во нејзиниот најсреќен момент, додека одела кон болница да се породи, возилото со кое патувала доживеало сообраќајна несреќа и таа, нејзиното бебе и нејзината мајка доживеале трагична смрт.

Девојчето со сопругот и мајката се упатило кон градот Гуаиба за да се породи кога автомобилот со кој се превезувале налетал на друго возило, чиј возач изгубил контрола и бил пресечен на два дела.

Сопругот на Керолајн се здобил со полесни повреди на главата и, според локалните медиуми, се уште е во болница.

Каролина Виеира Палмео, како што објави Дејли Мејл, боледувала од тромбофилија, нарушување на згрутчувањето на крвта што може да предизвика сериозни компликации во бременоста.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни