Македонија

Унгарскиот суд го отфрли барањето за екстрадиција, Груевски останува азилант во Унгарија

Судот во Будимпешта го ослободи Никола Груевски и го прекина неговиот притвор кој утрово му беше изречен. Пресудата која ја донесе судот гласи:

Условите за екстрадиција не се однесуваат на меѓународната потерница и барањето за екстрадиција во Македонија.

Притворањето на Груевски беше укинато и судот нареди негово ослободување.

Поранешниот премиер Никола Груевски денеска со очила за сонце, безбол капа и лисици на рацете се појави во судот во Будимпешта. Тој не дозволувал медиумите да го снимаат и фотографираат. На себе носел костум и кожен ремен. Неколку лица го придружувале, но засега не е јасно кои се тие. Расправата во судот започнала во 10 часот и се одвива со преведувач.

Одбраната побарала медиумите да бидат исклучени од судењето, поради чувствителноста на информациите, а судот не се спротиставил на тоа. Судот наредил затворено судење, но одлуката ќе биде јавно објавена.



Судењето за Груевски закажано речиси тајно. Во текот на вчерашниот ден неколку медиуми од Будимпешта испратиле барање до судот за тоа кога ќе се одржи судењето, но не добиле никаков одговор.

На огласна табла утрово било истакнато дека судењето е закажано за денеска во 10 часот.

Министерството за правда бара екстрадиција за Груевски за правосилната двегодишна затворска казна за предметот на СЈО „Тенк“, а на 17 јуни министерката за правда Рената Дескоска рече дека наскоро ќе биде испратено и барање за екстрадиција во врска со организацијата на нападот во Собранието на 27 април.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни