30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември 2023 година во Скопје, Македонија. Годишниот состанок на министрите за надворешни работи и високи претставници на 57-те земји-членки на ОБСЕ ќe се одржи на покана на претседавачот со ОБСЕ, министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи.
СЛЕДЕТЕ ГО РАЗВОЈОТ НА НАСТАНОТ НА 4NEWS.mk
Страницата се ажурира автоматски
Што треба да знам до моментов?
- Во Скопје на сила се посебни безбедносни мерки. Жителите во близина на спортскиот центар треба да ги спуштат ролетните, а доколку немаат да постават ќебе.
- Бугарија даде дозвола за прелет на рускиот авион со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, но не и за неговата делегација. Тој пристигна во Скопје но леташе преку воздушниот простор на Турција и Грција
- Украинското МНР и Балтичките земји преку заедничко писмо информираа дека нема да присуствуваат во Скопје доколку присуствува рускиот МНР.
Заврши министерскиот совет на ОБСЕ, Османи оцени дека организацијата е спасена
Претседавачот на ОБСЕ Бујар Османи посака претседавањето на Малта со таа организација, планирано за следната година, да биде помалку предизвик.
Тој на завршната прес-конференција, во рамки на 30. Министерски совет на ОБСЕ што се одржува во Скопје, оцени дека организацијата е зачувана и безбедна.
Со оваа информација го заклучуваме блогот посветен на самитот на ОБСЕ во Скопје.
01.12.2023 – 11:00 Прес конференција на Лавров
Прес конференција на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров:
На англиски јазик:
🔴 #LIVE: Russia’s Foreign Minister Sergey Lavrov’s remarks and answers to media questions following the OSCE Ministerial Council in Skopje
https://t.co/JupQ0LhVoC— MFA Russia 🇷🇺 (@mfa_russia) December 1, 2023
На руски јазик:
16:52 Русија се жали на провокации
Портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова преку амбасадата на Русија во Скопје се жали дека имало провокација бидејќи на местото за Лавров имало поставено лист на кој пишувало „Резервирано за НАТО“.
https://x.com/mfa_russia/status/1730202963103060388?s=20
14:30 Лавров сред говор замоли некого да го остави на мира…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се соочи со неколку прекини додека зборуваше на самитот на ОБСЕ во Скопје.
„Можеш ли да ме оставиш на мира? Те молам! Ви благодарам!“, рече Лавров на англиски, пред да продолжи по неколку секунди со својот говор на руски.
13:15 Дел од делегациите го бојкотираа говорот на Лавров
Обраќањето на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров беше бојкотирано од дел од делегациите.
Неколку делегации станаа и ја напуштија конференциската сала веднаш откако претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи, го најави обраќањето.
13:00 Лавров порача дека ОБСЕ ја дочекува оваа годишнина во жална состојба, а нејзините перспективи се нејасни
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска во Скопје во обраќањето на 30. Министерски состанок на ОБСЕ изјави дека ова што моментално се случува во Организацијата не е вистинскиот начин на кој треба да се третираат европските безбедносни прашања.
Тој истакна дека западните престолнини постапуваат така што го поткопуваат работењето на ОБСЕ.
12:36 ЕК вели дека земјите од ЕУ не се обврзани да ги координираат дозволите за прелет и слетување на руски авиони
Земјите на ЕУ не се обврзани да ги координираат со Европската комисија и другите земји на Заедницата дозволите за прелет и слетување што ги издаваат на руските авиони по исклучок. Ова го изјави портпаролот на ЕК во одговор на прашање поврзано со летот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Скопје за учество на состанокот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
12:00 Каума: Македонија демострираше успешна дипломатија со соседите и ја разбира важноста на позитивнот ангажман во ОБСЕ
Претседателката на Парламентарното собрание на ОБСЕ Пиа Каума, на отворањето на 30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје посочи дека граѓаните во Македонија изградија успешно мултиетничко општество, а државата демонстрираше успешна дипломатија со своите соседи и најдобро ја разбира важноста на позитивнот ангажман во ОБСЕ.
10:30 Започна министерскиот совет на ОБСЕ, го отвори Ковачевски
10:20 Премиерот Ковачевски пристигна на министерскиот совет на ОБСЕ, порача дека нема да има средба со Лавров
Премиерот Димитар Ковачевски пристигна на министерскиот совет на ОБСЕ во спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Во изјава за медиумите тој истакна дека ако ОБСЕ пред 30 години и помогна на Македонија, денес Македонија му помага на ОБСЕ да продолжи да биде најголемата регионална безбедносна организација во Европа.
Ковачевски додаде и дека нема да има средба со Лавров.
Прочитајте повеќе ТУКА
10:00 Лавров пристигна на министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, го пречека Османи
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров пристигна на министерскиот совет на ОБСЕ, кој официјално почнува денеска во Скопје во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

09:00 Османи ги пречекува учесниците на 30. Министерски совет на ОБСЕ
Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ Бујар Османи ги пречекува учесниците на 30. Министерски совет на Организацијата.
На состанокот учествуваат околу 1000 делегати од 57 земји членки на Организацијата и земји партнер, кој официјално почнува денеска во Скопје во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
08:00 30. Министерски совет ОБСЕ во Скопје
Северна Македонија и главниот град Скопје се домаќини на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ, на кој учествуваат околу 1000 делегати од 57 земји членки на Организацијата и земји партнери.
00:00 ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Лавров пристигна во Скопје
Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров доцна вечерва, околу 23 часот, пристигна во Македонија, а 4news.mk ви носи ексклузивно видео:
22:56 Лавров слета во Македонија
Авионот со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров слета на скопскиот аеродром.
22:40 Лавров влезе во македонскиот воздушен простор, ја одбегна Бугарија леташе преку Грција
Авионот со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров влезе во македонскиот воздушен простор.
Сепак ја одбегна соседна Бугарија и рутата се одвиваше преку соседна Грција, a причината е недозволен прелет на авион во кој се наоѓа портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

21:15 По Украина, Естонија, Литванија и Летонија, ни Полска нема да присуствува на министерскиот совет на ОБСЕ.
Министерот за надворешни работи Шимон Шинковски вел Сек изјавил, според светски агенции, дека нема да учествува на состанокот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) кој почнува утре, ниту пак ќе испрати некој од своите заменици во Скопје.
„Едноставно не можеме да го игнорираме фактот дека рускиот министер за надворешни работи ќе биде присутен на масата на организацијата која треба да гради мир и безбедност во Европа“, рекол полскиот министер.
21:00 Фамилијарна фотографија
Откако пристигнаа учесниците кои се поканети на состанокот на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, беше направена првата фамилијарна фотографија со сите учесници.
Сепак, на фотографијата не е и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој околу 22:30 часот треба да пристигне во Македонија.

20:40 Блинкен и Лавров ќе се разминат
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров ќе се разминат.
Имено, според најавите, се очекува Блинкен околу 21 часот да се упати кон Меѓународниот аеродром „Скопје“ и да замине од земјава, додека пак Лавров според најавите, треба да слета во Скопје околу 22:30 часот.
18:40 Блинкен сепак нема да се сретне со Лавров
Висок претставник на Стејт департментот денеска изјави дека не очекува американскиот државен секретар Ентони Блинкен да има каква било средба со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.
18:00 Американскиот државен секретар Антони Блинкен го поздрави успешното претседавање на Македонија со ОБСЕ
16:00 Голем број барања за средба со Лавров во Скопје
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека голем број земји поднеле барања за средба со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров за време на неговиот престој во Скопје.
„Навистина можам да потврдам дека има многу барања за билатерални средби. Ќе има и мултилатерални средби“, рече Захарова.
11:22 Прес конференција утрово одржа портпаролката на руското МНР Марија Захарова која индиректно рече дека Лавров доаѓа во Скопје
Потенцираше дека има голем интерес за средби со МНР на Русија
10:00 Нов проблем за Лавров. Бугарија дала дозвола само за министерот, но не и за неговата делегација.
Ова го потврди МНР на Бугарија во изјава за медиумите во Брисел. Не јасно е дали тој ќе дојде во Макеоднија
29.11.2023 08:00 Добро утро од Скопје. Дождлив ден на првиот ден од министерскиот состанок на ОБСЕ. Дел од делегациите се веќе пристигнати, останатите меѓу кои и државниот секретар на САД Ентони Блинкен пристигнуваат попладнево.
22:07 Нови проблеми за руската делегација. Иако МНР на Русија Лавров доби дозвола да ја прелета Бугарија, сепак неговата делегација не доби дозвола за тоа. Ова го изјави МНР на Бугарија денеска во Брисел.
19:05 Попладнево на прес конференција за ОБСЕ зборуваше и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Тој на новинарско прашање од новинарка од агенција од Италија не сакаше да коментира дали руски министер е добредојден во НАТО земја.
18:52 Со нов лет од Белград за Скопје гостите за ОБСЕ пристигнаа вечерва
17:45 Авион со гости за министерскиот состанок во Скопје кружел над Македонија и не можел да слета поради технички проблеми

16:31 МВР објави соопштение со кое известува дека утре и задутре ќе има посебен сообраќаен режим
16:21 Аеродромот во Скопје излезе со вонредно соопштение во врска со одржувањето на Министерскиот самит на ОБСЕ. Велат дека авио сообраќајот ќе нема рестрикции.
16:00 Реакција на Здружението на Украинци на посета на С.Лавров
Здружението на Украинци во Македонија излегоа на протест поради доаѓањето на Лавров во Скопје
14:30 Заедничка изјава на министрите за надворешни работи на Естонија, Латвија и Литванија
Длабоко жалиме за одлуката со која се овозможи лично учество на рускиот министер за надворешни работи С. Лавров на 30-тата сесија на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје. Тоа само ќе ѝ даде на Русија уште една пропагандна можност.
13:52 Не е само Украина. Присуството го откажуваат и Естонија, Литванија, Латвија, дознава 4NEWS.mk од свои извори.
Ова следува откако првично Министерството за надворешни работи на Украина преку соопштение рече дека нема да присуствуваат во Скопје.
13:30 Кулеба откажа да дојде во Скопје – „Присуството на Лавров ќе ја зголемела кризата во ОБСЕ“