Македонија

Борел му упати порака на Лавров: ОБСЕ и ЕУ остануваат обединети

Борел му упати порака на Лавров: ОБСЕ и ЕУ остануваат обединети

Попладнево на прес конференција високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел истакна дека ова е добра прилика за него за чуе зошто Русија е осудена и изолирана и потоа ќе може да се врати во Кремљ и да му каже на господарот на Кремљ дека ОБСЕ и ЕУ остануваат обединети.

„Вашата одлука да дозволите Лавров да учествува е во согласност со нашата заедничка цел да го одржиме мултилатерализмот жив. Лавров треба повторно да слушне од сите зошто ја осудуваме Русија и зошто ја изолираме. Ова е добра прилика за него за чуе зошто Русија е осудена и изолирана и потоа ќе може да се врати во Кремљ и да му каже на господарот на Кремљ дека ОБСЕ и ЕУ остануваат обединети во осудувањето на незаконско и агресивното однесување на Русија“, изјави Борел.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни