Свет

ВИДЕО Пукање на универзитет во Прага, има жртви и повредени

ВИДЕО Пукање на универзитет во Прага, има жртви и повредени

Пукање на универзитет во Прага – има жртви и ранети, извести чешката полиција, пренесува Ројтерс.

„Според првичните информации, можеме да потврдиме дека има жртви и повредени“, велат органите на редот на платформата X.

https://twitter.com/PolicieCZ/status/1737844826392158373

Според информациите, пукањето се случило на Филозофскиот факултет на Универзитетот Чарлс, кој се наоѓа на плоштадот Јан Палах.

Плоштадот во центарот на Прага е затворен. Полицијата ги повикува луѓето да ја избегнуваат областа. На местото излезе министерот за внатрешни работи Вит Ракушан.

Снимките на Фејсбук покажуваат дека многу луѓе, вклучително и студенти, излегуваат од зградата и трчаат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни