Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала што во понеделникот ја погоди северозападна Кина се искачи на 146, а три лица се водат за исчезнати, јавија кинеските државни медиуми.
Речиси 1.000 луѓе беа повредени во земјотресот .
Државната телевизија CCTV прикажа снимка на која се гледаат кранови како ставаат контејнери во селото Меипу во провинцијата Гансу.
Се очекува на девет локации во тоа село да бидат поставени вкупно 500 контејнери .
Повеќе од 87.000 луѓе беа евакуирани по земјотресот во понеделникот вечерта , а многумина беа засолнети во шатори на температури под нулата.