Во Центарот за управување со кризи (ЦУК), имало вкупно 1.666 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во последното деноноќие. „Реални“ повици биле 36,79%, а 63,21% други, што биле за други потреби на граѓаните и не биле итни.
Повици за итни случаи на 112, што се за комбинирано решавање кон ЦУК, имало 2,46% од „реалните“. Тие повици, заедно со другите 63,21% „неитни повици“, биле предмет на примање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК.
Согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале, кон Полиција биле упатени 66,32%, кон Итната медицинска помош 28,42%, a кон пожарникарите 2,81% од повиците од 112 во ЦУК.
ЦУК: 1.666 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во последното деноноќие