Македонија

Слога Пром е Златен партнер на Македонски Олимписки Комитет

Слога Пром е Златен партнер на Македонски Олимписки Комитет

Компанијата Слога Пром од Кавадарци е новиот стратешки и Златен партнер на Македонски Олимписки Комитет. Со потпишување на договорот за соработка во следниот период и на следните олимписки натпреварувања Слога Пром ќе ги поддржува македонските олимписки медалисти како и работата на комитетот на повеќе полиња.

Договорот беше потпишан од Ласко Јованов, генерален менаџер на Слога Пром и  Даниел Димевски, претседател на МОК.

„Да се биде Златен партнер на МОК е голема чест затоа што подржувајќи ги нашите спортисти, стануваме дел и помагаме во создавање на македонската спортска историја. Од вештините и меѓународните резултати на нашите олимпијци, излегле повеќе успешни национални спортски достигнувања, што е причина за поголема и поширока поддршка за олимписките спортисти. Во ова партнерство со МОК, освен што придонесуваме за создавање  на македонското спортско наследство, уште и сме дел од една поголема мисија за популаризирање на македонскиот спорт. Со официјализирање на овој договор на нашите олимпијци им посакуваме успешен пласман и поголеми достигнувања на следните натпреварувања“, истакна Ласко Јованов, генерален менаџер на Слога Пром.

„Во Слога Пром, МОК препозна партнер што вистински верува во идејата позади олимпизмот и вредностите кои ги застапува, но многу повеќе во македонските олимписки спортисти. Ова партнерство како Златен партнер за нашите спортисти значи многу и токму затоа веруваме дека е само почеток на соработка што во иднина ќе се надградува со нови проекти“, истакна Даниел Димевски, претседател на МОК.

Слога Пром важи за компанија којашто е посветена на промоција на спортската култура на локално и национално ниво. Преку повеќе активности, како и изградба и опремување на спортски капацитети придонесува за афирмација на спортската култура во земјава посебно меѓу најмладите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје 15.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни