4NEWS.mk

Путин откажа учество на форум за да се сретне со Шојгу поради трагедијата на подморницата

Рускиот претседател Владимир Путин го откажа учеството на форумот „Реките на Русија“, за да одржи состанок со министерот за одбрана Сергеј Шојгу, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, откако 14 морнари загинаа во пожар во воена подморница.

Песков не прецизираше што е поводот за состанокот, но рече дека ќе биде одржан „наскоро“.

Според него, наместо Путин, на форумот ќе говори заменик премиерката Олга Голодец.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни